Македонски ентузијасти речиси секој ден на социјалните мрежи и во медиуми објавуваат документи за историјата на Македонија, во време кога историчари, кои се платени за тоа, ја распродаваат под политички притисок „за иднина на Македонија“ во евроинтеграциите.

Македонија го „продаде“ античкиот период за „иднина во ЕУ и НАТО“, а сега на распродажба е средновековниот период, од Цар Самоил до Илинден, па се до Втората светска војна, во преговорите со Бугарија да ни отвори пат и иднина кон Брисел. Патем, официјална Софија го негира постоењето на Македонците и македонскиот јазик и се уште застапуваат тврдења дека „Македонците се измислени од Тито и Коминтерната“. Но, ниту Тито бил роден, ниту пак била конституирана Коминтерната во 15 век кога е пишувана книгата на германскиот професор и теолог Лоренц Шојал, во кој покрај Србите, Бугарите ги пишува и за Македонците.

Во продолжение документ кој е објавен на една од страниците за историја на Фејсбук:

ПРОФ. ЛОРЕНЦ ШОЈАЛ НОТИРА МАКЕДОНЦИ ВО ОТОМАНСКОТО ЦАРСТВО во 15 ВЕК

Германскиот теолог и професор Лоренц Шојал (Lorenz Scheurl) во својата книга „Семејството Осман“, издадена во 1596 година, ги набројува Македонците како засебен народ, покрај Бугарите, Србите и Грците.

Книгата дава историски приказ за владеењето на Османлиите во Европа и ги наведува водачите на Отоманското Царство коишто вршеле зулуми врз потчинетите христијани во Европа.

Македонците ги спомнал во делот за султанот Мехмет Први (1389-1421).
Шојал потекнува од градот Улм (во денешната германска покраина Баден-Виртемберг), од академски образувано семејство. Студирал на Универзитетот во Тубинген, а се стекнал со титула магистер на Универзитетот во Стразбур во 1576 година. Докторирал теологија на Универзитетот во Хелмштад во 1598 година, каде што предавал филозофија како вонреден, а потоа и како редовен професор сѐ до својата смрт, 1613 година.

Покрај плодната академската работа, којашто вклучувала историски истражувања, Шојал заземал низа постови, меѓу кои и како судски свештеник (капелан), ѓакон во Форцхајм и надзорник во гимназијата во Дурлах до Карлсруе.

ИЗВОР: Lorenz Scheurl, “Familia Othomannica, Et Quas Singuli Ex Ea Tyranni Clades Christianis Nefarie Intulerin (etc.),” Pragae Typis M. dalielis Admi., Anno M.D.XCVI (1596), B2. –/

(Подготви: Д. Г.)