Француските власти отворија истрага за објавување и ширење  лажни информации по гласините за евентуална загадена вода од водоводната мрежа за пиење со радиоактивна супстанција во регионот на Париз, јави дописникот на МИА.

Истрагата, најавена од канцеларијата на обвинителот во Париз , следи по гласини кои вклучуваат и дел од гласовна порака што е емитувана на апликации како WhatsApp. Жена, која тврди дека е медицинска сестра во болница во Париз, вели дека не треба да се пие вода од чешма заради нејзина контаминација. Таа се појави по соопштението од едно здружение за присуството на трициум, радиоактивна супстанца, во водата, без да се надминати максималните нивоа поставени од страна на здравствените власти.

Властите вчера ги отфрлија сите опасности од пиењето вода.

Не постои проблем со водата, таа е одлична за пиење“, рече Орелиен Русо, генерален директор на Регионалната здравствена агенција на Ил де Франс.

Јавната служба за де Франс, која има регистрирано 180 мерења на радиоактивноста од 2010 година, исто така,гарантира дека потрошувачка на вода од чешма е безбедно. Просекот од тие истражувања е 9 бекерели за литар, многу под европскиот регулаторен праг од 100 Bq / l. Референтниот праг на Светската здравствена организација (СЗО) изнесува 10.000 Bq