Можеби траело „цела вечност” додека вашата брада порасне до посакуваната должина, за да ја обликувате како што сакате, но што ако ви кажеме дека во брада има повеќе бактерии отколку во крзно од куче?

Прочитавте добро – мажите со брада во влакната на лицето имаат многу бактерии кои можат да бидат опасни по здравјето, велат научници, додавајќи дека помалку бактерии се наоѓаат во крзно од куче.

За потребите на оваа студија, примероци беа земени од 18 мажи со брада и крзна од 30 кучиња, а потоа биле споредени резултатите.

„Научниците пронајдоа многу повеќе бактерии во брадата на мажите отколку кај кучешкото крзно”, вели професорот Андреас Гацајт.

Студијата покажала дека кај секој од 18-те мажи на возраст меѓу 18 и 76 години биле пронајдени голем број бактерии. Во споредба со тоа, кај 23 од 30 кучиња е пронајдено високо ниво на бактерии, а кај преостанатите седум имало умерено ниво на бактерии, поради што кучињата практично се почисти од брадата.

Научниците истакнуваат дека кај седум мажи биле откриени бактерии кои претставуваат закана по здравјето на луѓето.