На овој италијански остров решиле да преземат драстични мерки за да привлечат нови жители во нивните рурални средини.

Откако некои делови од Италија веќе решија да им платат на луѓето и на тој начин да ги привлечат, на ист начин почнаа и во Сардинија.

Добрата вест е што не мора еднаш да ги враќате парите што ги добивате, бидејќи тие се наменети да се борат против депопулацијата на руралните области и да обезбедат економски стимулации за постојните жители.

Со градови полни со култура, огромен број сончеви денови во годината и  остров со најголем број луѓе кои го прославиле својот стоти роденден, тешко е да се замислат уште многу места на планетата на кои би било попријатно да се живее.

Сепак, има неколку работи што треба да се завршат за да се добијат парите: Парите мора нужно да бидат наменети за купување или реновирање куќа, а за да ги исполните условите треба да се населите во општина на Сардинија со помалку од три илјади жители, а потоа на сметката да лежат точно 15.000 евра.

Вкупно за овој проект се предвидени околу 46,5 милиони евра, што ќе биде доволно за најмалку 3.000 домаќинства.