Се води интензивна дипломатска активност со многу тајни детали за тоа што Скопје сега го игра, коментира „То вима“ попладнево“. Иако сите очекуваа телефонски разговор меѓу Ципрас и Заев, со цел да го затворат на средба во Преспа, ненадејна пречка се појавила за која никој не знае дали е вистинска и која е целта на потегот.

Според владин претставник во Атина, „ПЈРМ не е подготвена да одговори на тоа што беше оговорено во Брисел меѓу двајцата министри за надворешни работи. Затоа не е можен договор во наредните денови. Но, и покрај тоа двајцата премиери најверојатно ќе разговраат телефонски“, наведува „То вима“

Политички аналитичар вели дека не станува збор за „бродолом“ по толкави напори. Можно е да станува збор за притисок од грчката влада до Заев да ги убеди тие што не се согласуваат да се затвори прашањето на името.

Иако не се спомнува никој поименично, сепак, се мисли на изјавата на претседателот на државата Ѓорге Иванов дека не прифаќа ерга омнес и промена на Уставот, и неговото уставно право да стави вето на евентуален референдум или на договор за името.