Помалку од два месеци откако беше реизбран за претседател, Емануел Макрон е на пат да ја изгуби контролата врз француското национално собрание по силниот настап на ривалските партии. Според првите проекции таа освоила 224 мандати. Левичарската коалиција „Нупе“ на Жан-Лук Меланшон освои 149 места. Историски резултат за „Националниот собир“ на Марин Ле Пен со освоени 89 пратенички места. Лево-зелената алијанса се предвидува да биде втора, а екстремно десничарската партија на Марин Ле Пен на третото место.

Доколку ваквите проекции се остварат и по објавувањето на конечните изборни резултати, „Заедно“ повеќе нема да може да гласа за предлог-законите што ги усвои Владата.

Левичарската коалиција „Нупе“ на Жан-Лук Меланшон ќе стане главен опозициски фактор во француското собрание.

Првиот круг од изборите, одржан на 12 јуни, го одбележа рекордно низок одѕив од 47,7 отсто.

Овој втор круг ја затвора долгата изборна низа што започна на 10 април и првиот круг од претседателските избори, што на крајот доведе до реизбор на Макрон пред лидерката на екстермната десница Марин Ле Пен. По изборите се очекува реконструкција на француската влада.