Приемот на Украина во Европската унија е можен дури кон средината на векот, а до тој момент и самата Унија би можело да исчезне, изјави заменикот-претседател на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.

Поранешниот руски претседател и премир, Медведев на својот профил на Телеграм напиша дека ситуацијата со приемот на Украина во ЕУ е слична со изградбата на комунизмот во некогашниот СССР – датумот на спроведувањето на плановите не е одреден, но многу непроверливи, апстрактни услови се.

– Нивната објективна проверка е невозможна. Тие ќе се проверуваат со децении и тоа ќе го работат новите генерации лидери на ЕУ, па поради тоа вистинскиот термин е во средината на векот, не порано, напиша тој.

Медведев натаму прашува:

– Што ако, да чукнам во дрво, ЕУ дотогаш исчезне? Страшно е и да се помисли каков скандал ќе биде тоа, бидејќи какви сè жртви не се поднесени на олатор на влезот во ЕУ и каква измама на очекувањата на несреќниците, додава Медведев.