Американскиот Претставнички дом ќе добие демократско мнозинство, додека републиканците на американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја задржат контролата над Сенатот, објавија американските медиуми.

Ваквите резултати се во согласност со предизборните анкети и анализи.

Целосниот состав на Претставничкиот дом и Сенатот ќе биде познат само откако ќе бидат затворени избирачките места низ целата земја. Калифорнија, најголемата сојузна држава, сé уште гласа.

На изборите, кои традиционално се одржуваа во средината на мандатот на актуелниот претседател, се избираат 435 членови на Претставничкиот дом, 35 од 100 членови на Сенатот и 36 од 50 државни гувернери, како и бројни други државни и локални функционери.

Американците во голем број излегоа на изборите за Конгрес, што се смета за еден вид референдум за претседателот.