Првите избирачки места во САД почнаа да се затвараат во вторникот вечерта по локално време, во 19 часот, во Индијана и Кентаки, на изборите, кои ќе одлучат дали републиканците ќе го задржат мнозинството во Конгресот на САД.

Овие избори се сметаат за еден вид референдум за претседателот.

На изборите, кои традиционално се одржуваат во среднината на мандатот на актуелниот претседател, се избираат 435 членови на Претставничкиот дом, 35 од 100 членови на Сенатот и 36 од 50 државни гувернери, како и многу други државни и локални функционери.

Си-Ен-Ен известува дека сите знаци предвидуваат драматична и непредвидлива ноќ.



4:59 Демократите го освоија Претставничкиот дом по осум години.

4:34 Си-Ен-Ен известува дека републиканците успеале да ја задржат контролата врз Сенатот!

4:28 Демократите ќе ја преземат контролата над Претставничкиот дом од републиканците, објави Фокс њуз.

4:16 Во Колорадо гувернер ќе биде демократ Џаред Полис, кој јавно изјавува дека е геј. Како што јавува Си- Ен-Ен, тоа е првиот американски гувернер геј.

4:12 Рашида Тлаиб и Илхан Омар ќе бидат првите муслиманки во Конгресот. Рашид Тлаиб е демократка од Мичиген, а Илхан Омар од Минесота.

04:00 Демократскиот кандидат  за гувернер на Илиноис Џ.Б. Прицкер го победи републиканецот Брус Раунер во трката која е беше запишана во историјата и пред да бидат затворени избирачките места. Имено, милијардерот Прицкер има инвестирано во неговата кампања повеќе од 170 милиони долари од сопствените пари, со што стана американски политичар кој самиот на себе беше најголемиот донатор.

Раунер, мултимилионер, исто така, инвестираше десетици милиони во неговата кампања.

03:55 Демократката Александрија Окасио-Кортез во трката за Конгресот победи во Њујорк. Таа ќе биде најмладата жена која некогаш била избрана во Конгресот, со неполни 29 години. Пред неа, најмладата жена беше Елис Стефаник, кој влезе во Конгресот со 30 години.

03:47 Сенаторот Тами Болдвин повторно успеа да влезе во Сенатот за Висконсин, победувајќи го републиканците Лиах Вукмир.

3:19 Републиканскиот кандидат однесе многу важна победа во Индијана. Мајк Браун го порази досегашниот демократски сенатор Џо Донели.

Републиканката Марша Блекбурн победи во Тенеси, а со нејзината победа ја намалува можноста демократите да имаат мнозинство во Сенатот.

3:13 Демократите победуваат,според првите резултати, но борбата до крајот ќе биде неизвесна. Демократот Џо Манчин повторно беше избран во Западна Вирџинија.

1:39 Меган Мекејн се сеќава на неодамна починатиот татко Џон Мекејн, кој почина во август оваа година на возраст од 82 години. Џон Мекејн беше сенатор на Аризона. Трамп не го сакаше.

 

01:32 Затворањени се избирачките места во Северна Каролина, Охајо и во Западна Вирџинија.

01:27 Би-Би-Си појаснува зошто сите очи треба да се вперат во Флорида, Грузија и Вирџинија.
Поранешната пратеничка од Џорџија и писателка Стејси Абрамс би можела да стане првата Афроамериканка гувернерка на некоја сојузна држави.
01:15 Сенаторот Тим Кејн  повторно победи во Вирџинија.
01:10 Независниот Берни Сандерс победи во Вермонт.

13:00 Белата куќа соопшти дека Трамп со нетрпение ги очекува резултатите, кои ќе ги следи во друштво на семејството и пријателите. “Трамп предводеше 50 собири во кампањата, 30 во последниве два месеци и кампања за десетици кандидати за сите нивоа на власта”. Поради претседателот, неверојатен број Американци доаѓаа на митинзите низ целата земја. Тој им овозможувсаше на Американците многу јасен избор: или да продолжат со американскиот просперитет или да се вратат наназад “, се вели во соопштението на Белата куќа.

00:46 Четири од десет гласачи, според анкетите на Си-Ен-Ен ја истакнаа здравствената заштита како најголем проблем. Повеќето од нив се демократи.

00:15

Седум од 10 гласачи сакаат големи промени во националниот здравствен систем. Повеќе така мислат демократите, отколку републиканците, објави Си-Ен-Ен. Меѓу гласачите кои веруваат дека на здравството не му треба никакви промени или мали промени, повеќето се републиканци.

00:10 Во некои држави, избирачките места се затворени, станува збор за Индијана и Кентаки.

“Сè укажува на драматична вечер”, вели Си- Ен-Ен

23:45 Проблеми со гласањето

Американското Министерство за внатрешни работи потврди дека имало технички проблеми со уредите за гласање на избирачките места, но тоа не ги попречува гласачите. Демократите стравуваат дека постои обид суптилно да се намали бројот на гласовите на црнците. Проблеми со машините за гласање, според невладините организации, се пријавени во најмалку 12 земји до пладне по американско време.

Џорџија, земја на југот на САД, стигна на насловните страници на медиумите поради проблеми со машините за гласање и поради долгите редови.

Освен поради големиот одзив, гласачите чекаа со часови и поради недоволен број на машини.