Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи „голем успех“ на изборите и се заблагодари на своите приврзаници кои им овозможија на републиканците да задржат мнозинство во Сенатот без оглед што демократите презодоа контрола над Претставничкиот дом.

„Голем успех вечерва. Ви благодарам на сите“, објави на Твитер претседателот Трамп.

Претставничкиот дом ќе има демократска контрола, додека републиканците со Трамп задржуваат контрола над Сенатот.Во Сенатот републиканците досега имаа тесно мнозинство – 51 сенатор спрема 49 демократи, а поголема во Претставничкиот дом – 236 претставници наспроти 193 демократи, со шест празни места. Комплетниот состав на двата дома допрва ќе биде познат.

Трамп ги повика главните републикански и демократски претставници, соопшти Белата куќа во време кога веќе беа затвопрени избирачките места во САД.