Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ја исчисти „шарената револуција“ од споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје.

На чествувањето пред споменикот, завчера, делегациите на градската и централната власт „оддаваа почит“ кон Делчев пред осквернавен споменик од „шарените револуционери“, а денеска младите вмровци го доведоа во ред, како што прилега на паметник на идеологот за самостојна Македонија.

– Со овој чин го негуваме неговиот лик и дело. Изразуваме разочараност и апелираме градските власти да се грижат за културните споменици во градот. Гоце Делчев е една од најголемите фигури во македонската историја и не заслужува да биде занемарен. Гоце Делчев е Македонија!- порачаа младите Македонци.