Кога на чилеанскиот политичар Хуан Карлос Бустаманте му ја донеле сметката се фатил за глава во чудење како можe за две кафиња и две води да изнесува цели 43 евра.
Кафето го уживал на плоштадот Св Марко во Венеција, едно од најпознатите турситички места во Италија и во Европа.
Бустаманте многу се изнервирал, си ја платил сметката, но неа ја сликал и ја поставил на својот профил. На неа стои дека едно кафе чини 11.50 евра, а шише вода 10 евра.
Затоа од кафетеријата побарал да му објаснат зошто му е толкава сметката. Добил и добро објаснување, а за многумина тоа може да биде практичен совет: муштериите кои пијат кафе на плоштадот и кои уживаат во погледот плаќаат и повеќе, додека тие што се внатре кафе пијат за само 1,25 евра.
Народски кажано, Бустаманте добро го избричиле во Венеција.