Израелската армија повторно пукаше врз неколку цели на Хезболах во соседен Либан.

Борбени авиони на воздухопловните сили нападнаа воен објект во близина на Марвахин во јужен Либан и ракетен фрлач на друго место на границата, објавија утрово вооружените сили.

Израелско беспилотно летало и хеликоптер исто така нападнаа позиции од кои беше пукано врз Израел, додаваат тие.

Хезболах, кој е сојузник на палестинската исламистичка терористичка организација Хамас и Иран, и израелските сили постојано разменуваа оган во последните денови.

Во тековната војна во Газа како резултат на нападите на Хамас на 7 октомври минатата година, главните дипломати како американскиот државен секретар Ентони Блинкен стравуваат од проширување во други делови од регионот.

Блинкен, како и германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок, моментално патуваат на Блискиот Исток и посетуваат неколку држави за да разговараат за ситуацијата во конфликтот.

Баербок планира денеска да ги посети Палестинците на Западниот Брег и да се сретне со министерот за надворешни работи Ријад ал-Малики во Рамала.

фото: МИА архива