Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска дека израелската авијација извршила напади во петокот врз „ирански складишта за оружје“ на меѓународниот аеродром близу Дамаск.

– Пред 36 часа нашата авијација нападна ирански складишта полни со иранско оружје на меѓународниот аеродром во Дамаск, изјави Нетанјаху на неделна седница на Владата.

– Последните удари покажуваат дека сме цврсто решени за дејствија против Иран во Сирија, додал Нетанјаху.