Израел изврши воздушни напади врз позиции на радикалните групи во Појасот Газа, јави синоќа радиото Савт ал-Акса.
Според изворите на радиостаницата, било пукано врз позиции на групите поврзани со единиците на палестинскиот отпор во близина на градовите Кан Јунис и Газа, а засега нема информации за жртви.
Палестинските групи возвратиле на израелските авиони.
Инцидент се случи вчера кога запаливи балони, пуштени од Појасот Газа, предизвикаа најмалку три пожари во јужниот дел Израел, јавија израелските медиуми.
Израелски авиони извршија напади врз Појасот Газа на 3 јули и 18 јуни, а мети беа кампови за обука на Хамас.
Примирјето меѓу Израел и палестинскиот Хамас стапи на сила на 21 мај, по 11 дена вооружен судир. Во текот на тие 11 дена, 257 лица беа убиени и околу 2.000 ранети во Појасот Газа, додека 13 лица биле убиени во Израел.