Израелските сили убија четворица палестински милитанти во близина на границата со Појасот Газа, соопшти израелската војска.

Мажите биле вооружени со автоматски пушки, противтенковски ракети и рачни гранати, од кои една била фрлена кон израелската војска.

„Војниците отворија оган и ги убија откако еден од терористите ја мина границата“, се посочува во објавата на израелската војска на Твитер.

Засега нема реакција од плаестинските власти во Појасот Газа.