Израелскиот Врховен суд на палестинските жители на окупираната населба Шеик Џара, во Ерусалим, им понуди компромисен договор со еврејските доселеници.

Палестинските жители се соочуваат со присилно иселување од своите домови,

На рочиштето на кое требаше да се донесе конечната одлука дали ќе биде прифатена жалбата на четири палестински семејства поради налогот за иселување, судиите поднесоа изненадувачко барање двете страни да прифатат „практично решение“, јави британскиот весник „Гардијан“.

-Тоа што го велиме е да преминеме од нивото на принципи на ниво на практичност, кажа судијата Исак Амит во судницата во која постапката се водеше на хебрејски јазик, без превод на арапски.

„Луѓето мора да продолжат да живеат таму и идејата е да се обидат да постигнат практичен аранжман“, додаде тој.

Предложениот компромис ќе им овозможи на 70 Палестинци да останат во своите домови како заштитени потстанари и да ги заштити од иселување во наредните години, а тие да плаќаат годишна такса од 1.500 нови израелски шекели (околу 390 евра) на компанијата „Нахалат Шимон“, која пониските судови ја прогласија за законски сопственик на спорниот имот.

„Гардијан„ додава дека ниту една страна не го дочекала судскиот предлог со ентузијазам, но и двете страни својот официјален одговор треба да го дадат на следното рочиште.