По повод Денот за сеќавање на холокаустот врз Ромите, Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико и Здружението на љубители на ромска фолклорна уметност – Романо Ило, вечерва организираат изведба на драмски монолози насловени „Нацистички остатоци“.

– Во Музејот на македонската борба, преку шест кратки драмски монолози преземени од личните приказни на преживеаните, ќе се пренесат емоциите, чувствата и болката на Ромите жртви на нацистичкиот режим и ќе се испратат пораки за актуелниот културен геноцид и антициганизам со кои се соочуваат Ромите денес, информираат од Институтот Ромалитики.

Четири од монолозите се приказни на Роми кои го преживеале холокаустот за време на Втората светска војна, додека останатите се однесуваат на агресијата и притисоците врз Ромите во некои од европските земји.

Секоја година на 2 август се одбележува споменот на последните 4.300 Синти и Роми кои беа убиени од СС на тој ден во 1944 во германскиот нацистички концентрационен логор Аушвиц-Биркенау и покрај нивниот жесток отпор. Во спомен на сите 500.000 убиени Синти и Роми во нацистички окупираната Европа, Европскиот парламент го прогласи 2 август за Европски ден на сеќавање на холокаустот врз Синтите и Ромите.

Телевизиската серија од 10 епизоди за животот на македонскиот поет и револуционер Коста Солев Рацин е готова од пред пет години, септември 2017 година, еден месец по потпишувањето на Договорот за пријателство со Бугарија, објави порталот МКД.

Ниту една македонска телевизија со национална концесија досега не прифатила да ја емитува серијата во која има сцени на измачувањата на Рацин од бугарски фашистички иследник за време на Втората светска војна, има сцени за Првото заседание на АСНОМ, за Панко Брашнаров…