Во октомври се навршуваат 11 години откако загина Тоше Проески. Неговите обожаватели ширум Балканот продолжуваат да ги слушаат неговите хитови од многуте албуми што ги остави, а неговиот сјај не е исчезнат ниту по 11 години од неговата смрт.
На Фејсбук почна да шири кратко видео од ресторан во Белград, на кое се гледа како Тоше, придружуван од локалните музичари, ја пее италијанска песна „Torna a Surriento” и го воодушеви друштвото што седеше на маса со него, како и останатите гости. „Torna a Surriento” е најпозната по изведбата на Лучијано Павароти, а е преработена од многу италијански музичари.
Снимката е направена од една бугарска телевизија, а видеото, помалку заборавено, повторно е актуелно деновиве на Фејсбук.