Јаболкото има до 40 проценти витамин Ц и ги содржи витамините А, Е, Б1, Б2, Б6 и Бета каротен. Тоа содржи и минерали калиум, калциум, фосфор и железо. Богато е со полифеноли – растителни соединенија кои имаат силна антиоксидантна активност. Општо е познато дека барем едно јаболко дневно придонесува за општото здравје.

Јаболкото обично се јаде сурово, но, исто така, и печено, варено, сушено, преработено во сок, мармалад, џем, желе и јаболков оцет. Во просек, водата сочинува 82 проценти од тежината на плодот, јаглехидратите имаат околу 12 проценти, масти и протеини заедно околу еден процент, а целулозата се наоѓа во плодот околу еден процент.

Јаболкото, исто така, содржи шеќер, органски киселини, во многу мали количини сите есенцијални и неесенцијални аминокиселини, арома и бои. Јаболкото е богато со влакна и има корисен ефект врз метаболизмот, особено кога ги јадете со житни култури.

Јаболките се корисни:

Против тромавост, надуеност и расипан желудник – неколку недели јадете кисело јаболко три пати на ден, јадете кисело  час до два пред или по оброкот.

Против дијареа – да се јаде рендано или компот од јаболко. Особено се препорачува употребата на кисело јаболко. Ренданите јаболки не се засладуваат, и пред да ги јадете, оставете ги малку во воздухот за да се потемнат.

За подобро варење – редовно јадете печено или варено јаболко или компир од јаболка, особено во зима. Препорачливо е да се јадат две свежи јаболка по појадок и вечера. Терапијата трае пет дена.

Бидејќи е сиромашно со калории (100 гр јаболко имаат околу 40 калории), тоа е исто така добар избор и за диета.