Има 21, а веќе 2 години живее на овој начин

Нема сомнеж дека 21-годишната Јана Орфеева е многу атрактивна девојка. Оваа украинска убавица има прилично неконвенционален живот.

Младата манекенка заработува огромна сума на пари што и’ овозможува луксузен живот. Всушност, луксузот и’ го овозможува тоа што е љубовница на саудиски принц.

Јана последниве две години живее на овој начин, а од парите што ги заработува ќе ви се заврти во глава. Таа на дневно ниво заработува 4.000 фунти, односно 30.000 фунти неделно.

И покрај многуте пари што и’ ги дава, саудискиот принц, кој е мултимилионер, и’ подарува и скапи подароци, скапоцени автомобили, но и луксузни патувања.

И тоа не е крајот на подароците од принцот. Тој на Јана неколку пати и’ подарил повеќе од 115 илјади фунти, а убавицата со тие пари купила луксузни станови во Киев и во Москва.

Пријателите на Јана велат дека е убава и добра, но и разгалена. Активна е на Инстаграм каде што има повеќе од 70.000 следбеници кои секојдневно ги известува за деталите од својот луксузен живот.