Јане Ченто испрати одговор до Дамјан Манчевски, кој во радиоемисија на Канал 77 го обвини дека сакал да го убие и затоа бил в затвор.

-Јане Ченто чиј сака нека е, што сака нека е по националност, Јане Ченто беше еден од тие што дојде во Собрание и јавно на телевизија сакаше да не убие. И за тоа е тој таму. И другите. Законт не прави и не треба да прави апсолутно разлика кој чиј е и од која националност е, рече Манчевски.

Јане Ченто во одговорот до министерот за информатичко општество и администрација порача дека еден ден ќе дојде крај на нивните лаги.

-Немој да мислиш дека ти се плашам од твоите зборови „Ќе лежи во затвор“. Да може ќе лежам во затвор, исто како што му монтиравте случај на мојот прадедо, што се борел за Македонија, исто ми монтирате и мене случај, бидејќи и јас се борам за Македонија. И ќе се борам Дамјане, без разлика дали од затвор или од слобода. Така да тоа заплашување може и да помине кај други, ама кај мене сигурно не!, вели Јане Ченто.

-Првиот Ченто се бореше против фашистите и победи, денес јас морам да се борам, со вас, фашисти и ќе ве победам, бидете убедени во тоа. Чентовци не клечат и не се молат туку се борат машки и достоинствено, макар тоа би значело и борба од затвор. И нареден пат те замолувам да не го спомнуваш презимето, бидејќи не си достоен за тоа!, порача Јане Ченто.