Бугарскиот пливач Јане Петков од Петрич денеска на Охридското Езеро постави нов Гинисов рекорд во пливање во вреќа.

Шеесет и четиригодишниот Петков со врзани раце и нозе патеката долга 3.380 метри од Горица до Градското пристаниште ја исплива за три часа со што го надмина рекордот што го држеше Индиецот Гопал Карви со препливани 3.071 метри.