Периодот во кој претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски бил генерален секретар на партијата не е опфатен како период на истрага во предметот „Талир“ и во истиот период нема констатирано кривично дело, вели специјалната обвинителка Катица Јанева, во гостување во емисија на 1ТВ.

Таа дополнително вели дека и нема случај за хидроцентралите на Мицкоски.

На прашањето во врска со со обвинувањата на Мијалков дека имало пазарења тој да биде тргнат  од обвиниение, Јанева одговори:

– Не, не! Само едноставно во времето кога е Мицкоски Генерален секретар на партијата, тој период не е предмет на обвинението „Талир“. Моментално тој е уште во предистрага, за тој период се водат, се прибираат докази, а инаку за периодот во кој Мицкоски не е Генерален секретар ќе се подигне обвинение. Така што ви реков дека за некој лица што биле во истрага сега периодот е намален и за помалку лица ќе биде обвинението. Уште е предмет на анализа господинот Мицкоски, рече Јанева.

На прашањето дали предмет на анализа се хидроцентралите на Мицкоски, во контекст на тоа дали ќе има можно обвинение од СЈО, Јанева одговори:

-Не, не!