Чист изборен поткуп е субвенционираниот оброк за студентите, за што ден по изборите беа казнети тие што не гласаа за СДСМ, изјави Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, во ТВ Алфа.

– На многу краток период пред локалните избори студентите оние кои што исполнуваа одредени услови добија решение дека ќе добијат средства за субвенциониран студентски оброк. И комисијата за образование и наука и јас лично го имаме коментирано тоа, прво во однос на сумата која што сметаме дека во овој период она драстични поскапувања на продуктите е многу мала, а потоа и за времето кога се соопшти дека студентите ќе го добијат тој субвенциониран студентски оброк. И јас го дефинирав тоа како предизборен поткуп и имам доказ сега за тоа, на ден после избори не мал број јас во мојот увид имам најмалку 500-600 студенти еве и нека имам грешка некоја минимална, на кои им се укинува субвенционираниот оброк. За да е уште полошо откако се разбурка јавноста сите добија информација дека е системска грешка, техничка грешка на системот и дека не треба да го земат во обѕир маилот, појасни Јаневска во утринската емисија на ТВ Алфа.

Таа додаде дека скандалот со субвенционираниот оброк не завршува тука.

-Па, ни тоа не беше доволно сношти слушам студентка, претставник претпоставувам на Студентски сојуз или некоја форма на студентско здружување и вели вие сите што добивте вакви информации од вашиот меил, пратете жалба и побарајте повторно да се разгледа тој случај. Ако е грешка зошто би требало да праќаат жалба, запраша Јаневска.

Таа посочи дека грешката не е случајност штом се случува ден по изборите.

– И зошто студентите решението го добиваат дека се одбиени ден по избори. Ако го добиваат во понеделник сабајле, можеа да го добијат и во петок попладне. Значи сработено е тоа. И сега се прашуваме дали едни се наградени, а други казнети, нагласи Јаневска.