Деновиве сме сведоци како одредени комуњарски кругови и нивните медиуми кои уште ги трошат нашите пари што ВМРО-ДПМНЕ им ги делеше за да трупаат богатства, се обидуваат да ја протнат тезата дека цензусот за референдумот бил висок и треба да се спушти.

Сегашната состојба е таква што за да биде успешен референдумот (било кој), тој мора да има излезност од околу 900.000 гласачи (половина од вкупниот број избирачи), а од нив 450 000 плус еден, во овој случај, да ја поддржат капитулацијата пред Грција (ако не биде направен некој мајмунлак со прашањето па да треба да негативно изјаснување).

При тоа, ако граѓаните кои се против бришењето на Македонија, решат да го бојкотираат референдумот, или барем ако таква одлука донесат поголем дел од нив, тогаш оваа излезност е речиси невозможно да се постигне, бидејќи и при идеални услови, тешко е да се очекува дека на гласање би излегле повеќе од 1,1-1,2 милиони гласачи, заедно со сите авиони и автобуси што ќе бидат ангажирани за носење Албанци од странство. Под „идеални услови“ се подразбира висока мотивираност на гласачкото тело и подготвеност да се гласа, сето тоа проследено со страотна кампања на комуњарските медиуми, со ангажираност на странски типови како Јоханес Хан и со бомбардирање на населението со реклами во стилот „Излези и гласај за иднината“.

Но, при наелектризираната атмосфера што ќе се создаде, ако од тие високо мотивирани 1,1-1,2 милиони гласачи, еден дел кој е против промена на името, реши да апстинира, цензусот станува скоро недостижен.

Не е тајна и дека уште сега се знае оти референдумот ќе биде фалсификуван, но и тука има еден проблем поврзан со цензусот: една работа е да фалсификуваш референдум на кој веќе излегле 700-800 илјади луѓе, па треба да украдеш односно наполниш кутии со уште 100-тина илјади гласови, а сосема е друга работата ако на референдумот излезат само 500-тини илјади луѓе (300 илјади за СДСМ и 200 илјади Албанци), па треба да ги наполниш кутиите со уште 400.000 ливчиња. Кражбата во таа ситуација би била толку видлива што навистана тешко ќе помине, па макар ја аминувале Трамп и Путин заедно.

Оттука, почнува полека да се испитува теренот за цензусот, иако идејата не е сосема јасна (освен ако целта е не во јавноста да се наметнува референдумот и излегувањето на гласање по ова прашање да влезе во свеста на луѓето, наспроти бојкотот), бидејќи тој е одреден со Уставот на РМ, па за негова промена треба промена и на највисокиот акт. За тоа се потребни 80 гласови во Собранието на РМ, а ако СДСМ ги имаше, досега веројатно ќе бевме Република Северна Македонија и немаше да се расправаме за тоа дали ќе има или не референдум и колкава би била излезноста ако го има.

Но, кога сме кај цензусот, тој има и друга страна. Имено, според сегашната уставна одредба, менување на се што е македонско во Уставот може да се изведе со гласовите на помалку од една четвртина од населението на РМ, односно со 450 000 гласови плус еден. Тоа го отвора прашањето дали всушност цензусот за вакви сериозни нешта е низок (името на државата, идентитетот и слично не се исто што и поставувањето на цевки) и дали не треба да се зголеми. Реално гледано, со 25 отсто од гласовите на населението кои би биле за промена на името, вклучувајќи ги тука и украдените гласови и полнењето кутии (замислете ја излезноста од 110 отсто во Зајас, Тетово, Струмица, Чаир, Центар, Куманово итн), референдумот ќе има легалност, но прашање е дали тој би имал легитимитет (можете да имате легалност и доколку е пропишано дека за успешност се бара излезност од два гласачи со само еден позитивен глас, но тоа нема никаков легитимитет), посебно што одамна постои дилемата дали за вакви прашања воопшто може да се одлучува со гласачко ливче, бидејќи идентитетот на секој од нас и името на државата се нешто што потекнува од минатото и нешто што треба да го предадеме во иднината.

Дарко Јаневски