Новинарот Дарко Јаневски во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ со Љупчо Цветановски, говореше за ситуацијата во која се наоѓа Македонија поради власта предводена од СДСМ и посочи дека целата на оваа власта е да се дојде до тоа дека и во Македонија нема Македонци.

-Во договорите со Бугарија и Грција се напиша дека нема таму нема наше малцинство, ако нема малцинство тогаш нема кој да го зборува јазикот, македонски. И сега тие договори се дел од тој процес за преговарање, ќе ти стои на врат и Брисел и Вашингтон и кој се не, затоа што се напиша дека таму нема луѓе кои се по националност еднакви со мнозинскиот народ во оваа држава кој што се нарекува македонски народ. Ако нема луѓе тогаш прашање беше на време кога ваква работа ќе се појави за јазикот, кој да го збори? Нема македонци, нема макеоднски јазик во тие краишта. Работата е на крај да дојдеме до тоа дека и во Република Македонија нема Македонци, целата поента е таа, рече Јаневски.

Новинарот Јаневски во текот на своето гостување објасни дека како што власта лажеше дека е бетониран идентитетот сега лаже дека е бетониран и македонскиот јазик.

-Тоа сега како во Европа ќе се зборело и ќе бил бетониран македонскиот јазик, тоа исто како со идентитетот, нели? Поентата е во крајна линија дека, како што се потпиша дека нема Македонци во Бугарија и во Грција, согласно тоа не можеме да имаме македонски јазик таму, постепено да се дојде до тоа дека нема Македонци и во самата Македонија, таа е идејата, иако јас не велам дека ќе се оствари, додаде тој.