Во вечерашното издание на дебатната емисија “24 анализа” гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За обнова на Македонија”, Игор Јанушев кој се осврна на штетните политики на власта, како и на моменталните политички случувања во однос на договорот со Република Бугарија.
Јанушев истакна дека СДСМ и Зоран Заев директно го ништожат македонскиот идентитет и со секоја наредна средба со претставниците на бугарската дипломатија, Заев распродава се што ќе му се побара, а за возврат на тоа добива недвосмислен одговор од Бугарија дека македонскиот народ е всушност бугарски.
Јанушев додаде дека не може да се премолчи ваква работа и дека ова не е нешто кое што ја засега само оваа генерација, туку ги задира сите генерации кои веќе не се помеѓу нас, но и оние кои допрва доаѓаат. Македонија нема зошто да трпи туѓи напади и понижувања. Дали Македонија ќе влезе во ЕУ или не, е сосема друга работа. Но, ние сме Македонци и ништо друго. Тоа не може да го промени никој, вели Јанушев.
– Ние не треба да се скараме со ЕУ или со НАТО, но не смееме ниту пак да дозволиме ничиво понижување. Македонија на овој пат е долги години, не неколку месеци. Не мора ниту да се реши ова прашање токму сега, следи време во кое можеби Македонија ќе има поповолна позиција, во која нема да мора да брза. За жал, така не мисли и Зоран Заев, кој слушнавме како се колнеше во жицата, а го продаде името. Го продаде името Македонија, додаде Јанушев.
Зоран Заев е патолошки лажго, човек кој лаже при секое отворање на устата. Во минатото слушнавме како се колнеше во децата и во семејството, а утре дента дрско го промени уставното име на државата. Македонија не заслужува да ја води човек со лабилна психа, односно човек кој не верува на своите зборови. На ваквите политичари мора да им дојде крајот, а на Заев веќе му се случува почеток на крајот, заврши Јанушев.