Сета оваа хајка против мене се прави сè со една цел за да се дискредитира моето име. Зошто? Поради сето она што овие 3-4 недели откако сум на позицијата на која што сум, гледаме што сè правеле од претходната власт, истакна Игор Јанушев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во „Тема на денот” на Сител телевизија.
Јанушев го повика МВР да влезе во Генералниот секретаријат и да се увиди што сè се правело таму изминативе години.
– Еве еден повик да се влезе во Генералниот секретаријат на Владата и да се провери каков се криминал е правено. Речиси две години не функционирал главниот влез во Владата. Знаете зошто? Затоа што ги оставиле скенерите неисправни и не им било гајле. Но, тоа е најмалиот проблем – појасни Јанушев.
Јанушев приложи документ како претходната власт поправала документи.
– На пример документ Јавен повик за доделување на финансиска поддршка е креиран на 01.04.2022, а де факто е направено како да е направен 21.05.2021, цела година и повеќе порано. Ова е кривично дело и за тоа треба некој да одговара. Владата се користела како штаб на СДСМ – нагласи тој и додаде дека за тоа има и докази.
Во депото на Владата се чувале промо материјали на СДСМ од кампањи и конгреси, посочи Јанушев.