Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев вечерва беше во Берово каде имаше средба со граѓани со кои разговараше за договорот со Грција.
Пред жителите на Берово, Јанушев рече дека договорот со Грција е капитулантски и оти не треба да се поддржи.
– Гледаме дека преку кампањата која е спонзорирана со државни пари од државниот врв сакаат да прикажат дека патот кон Европската унија и НАТО се единственото нешто коешто се случува во овој момент, што е апсолутно неточно, бидејќи единствено нешто што се случува и што го губиме во овој момент како држава и како нација се името и идентитетот, рече Јанушев.
Додаде дека граѓаните се незадоволни од неисполнетите ветувања на власта и оти Берово е град каде масовно се иселуваат луѓето. – Само во последните две недели се иселени 16 семејства, рече Јанушев.