Власта која ветуваше дека ќе го спречи иселувањето, не само што не го реши туку и го забрза. Виница е се попразна, граѓаните велат дека со оваа власт нема перспектива и дека поради неправдата и криминалот кој се случува во Република Македонија среќата ќе ја бараат далеку од својот дом, рече Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
– Граѓаните велат дека Заев ги излажа, ништо од тоа што го вети не реализира. Но затоа ја понижува државата кај ќе стигне. Тие не се согласуваат со срамниот договор за Македонија како што велат, со кој се менува името, идентитетот, историјата и културата, вели тој.
Јанушев потенцира дека договорот е капитулантски и дека во ниту една точка од истиот Македонија не е во предност, нашата држава е оштетена страна во целост. Тој напомена граѓаните да не се плашат од уцените на власта и да не подлегнуваат на притисоците.
– Власта е исплашена и затоа и се заканува, исплашени се ете гледате Заев бега и од дебата, бега затоа што нема аргументи, нема одговор на прашањата дали не се губи институционалниот идентитет, културата и историјата, знае дека и дава алатка на Грција со Комисијата за ревизија на историјата и културата да не блокира на секој чекор кон ЕУ, затоа се плаши, исплашен е затоа што знае дека потпишал катастрофален договор. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ не го подржува и нема да го поддржи овој капитулантски договор, вели Јанушев.