Јапонија од 1 април ќе го дознае името на новиот царски временски период во кој ќе владее идниот цар Нарухито.

Во таа држава службено се применува западниот Грегоријански календар, но другиот службен календар што се придржува до царските временски периоди исто така е во употреба.

– Владата има намера да го открие името на новиот период на први април, објави премиерот Шинѕо Абе.

Еден месец подоцна, на 1 мај, престолонаследникот Нарухито (58) ќе го наследи својот татко, царот Акихито.

Акихито (85) чиј период на владеење го носи името Хеисеи (да се создава мир) ќе абдицира на 3 април поради здравствени проблеми. Тој е прв цар на најстарата наследена монархија на светот во 200 години кој за време на својот живот ќе препушти престол на наследник.

Досега беше обичај новиот период да биде објавен на ден на смртта на царот, што последен пат се случи на 7 јануари кога умре таткото на Акихито – Хирохито кој почина по 63 години на престолот.