Јапонија на 10 мај ќе одржи аукција за продажба на 760.000 килолитри или 4,8 милиони барели нафта од националните резерви, како дел од акцијата координирана од Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) за стабилизација на зголемените цени на енергенсот, соопшти денеска јапонското Министерство за индустрија.
Премиерот Фумио Кишида претходно овој месец изјави дека Јапонија ќе продаде рекордни 15 милиони барели нафта од државните резерви како дел од вториот круг на координирана интервенција на ИЕА на пазарот.
Од вкупната количина шест милиони барели ќе бидат од приватни резерви, а девет милиони барели од државни резерви, соопшти минатата недела јапонското Министерство за индустрија.