Јапонскиот цар Нарухито изрази загриженост поради можноста претстојните Олимписки игри во Токио да предизвикаат ширење на коронавирусот, сценарио од кое се плашат многумина во јапонското општество.
– Царот е исклучително загрижен поради актуелната состојба со коронавирусните инфекции, објави јапонската владина агенција Imperial Household Agency (IHA), која задолжена за државни прашања поврзани со кралското семејство.
– Загрижен е дали настанот (Олимписките игри) ќе предизвика ширење на заразата, појасни aгенцијата.
Царот Нурихито е почесен покровител на Олимпијадата Токио 2020, што треба да започне на 23 јули, а беше одложена минатата година поради пандемијата на коронавирус.