Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа рече дека преговорите за новата влада се во тек со задоволително темпо и базирана на принципи. за 10 дена би требало мандатарот за состав на новата влада.
– Ќе доминираат луѓе кои се докажани во нивната фела, кои ќе ги исполнат програмските ветувања и верувам дека тоа ќе биде динамичен и ефикасен состав кој ќе донесе промени во Македонија – рече Јаревски.
„Се направија тимови, преговорите течат, мислам дека течат со задоволително темпо, базирано е врз основа на принципи, врз основа на програмските определби, и сметам дека во наредните десеттина дена би требало, во зависност од термините во Собрание, би требало мандатарот да го предложи составот на новата влада но во секој случај ќе доминираат луѓе кои што се докажани во својата фела луѓе кои што ќе можат да ги исполнат програмските ветувања од платформата 1198 и верувам дека тоа ќе биде еден состав кој што ќе биде динамичен, ефикасен и кој што ќе донесе навистина промени во Македонија“ кажа Јаревски.
-Нема подобра дефакторизација ако го испратите ДУИ во опозиција и тоа го направи ВМРО-ДПМНЕ тоа е прво. Второ што е многу важно е дека ние бевме сведоци на двотретинско мнозинство но не бевме изненадени и не видовте киднапирани пратеници, уценувани пратеници не видовте такви притисоци, не видовте кршење на правото и на уставот. Но видовте вештина за разлика од претходно. Имавме процес во кој што ВМРО-ДПМНЕ нема апсолутно никакви концесии, каде што за разлика од СДСМ кој што испушти таква можност, бидејќи ова беше покана упатена до сите, оваа реорганизација на државната управа ќе беше добро доколку имавме консензус сите по ова прашање. Трета работа истиот овој процес не е нешто ново имаше извештаи каде што сите укажуваа на ваквата потреба од реорганизација. Ова е потреба каде што ќе ја зголемиме ефикасноста на државата, кажа Јаревски.
Јаревски посочи дека проектите од програмата се врз основа на законот за реорганизација на работата на органите на државната управа за што се говореше низ целата кампања и во сите јавни настапи.
„Нашата платформа е темелена врз основа на овие измени и реорганизација ние го дискутиравме ова целата кампања во сите јавни настапи при средбите со граѓаните. Самото дефинирање на проектите од програмата е врз основа на оваа реорганизација. Моментот што ДУИ ја зграпчи шансата што ја испушти СДСМ е сосема друга работа. Отворете ја нашата платформа ќе видите дека првото ветување на кое што ќе се посветиме и реализираме е Собрание со 90 пратеници и една изборна единица“, посочи Јаревски.