Уште во 2022-рата година, кога се носеше тој фамозен француски предлог, јас во Собранието го запалив францускиот предлог, потсетува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески, во гостувањето на Наткаст на КУРИР со Љупчо Цветановски.

-Можеби премногу радикално, но причината поради која што го запалив јас францускиот предлог, беше да тој билатерален спор, помеѓу Македонија и Бугарија, да не стане европски спор и да не стане европски услов за нашиот напредок кон Европската Унија. Јас тогаш во мојот говор предупредував дека тоа е едностран договор, доколку од нас се бара да ги внесеме Бугарите во Уставот прво треба да знаеме дали тоа е последниот услов, ако денес ги внесеме што следува утре. Затоа што потпишувањето на тие капитулантски договори и посебно протоколите кои ги потпиша Бујар Османи, во поглед на историската комисија, во поглед на дефинирањето на историјата. На Бугарија протоколите им станаа инструмент да ја блокираат европската иднина на Република Македонија, рече Јаулески.

Ако денес ги внесеме Бугарите во Устав, вели Јаулески, прашувам што ќе има утре.

-Дали може да има нова блокада за Гоце Делчев, за Цар Самуил, за 1903-та, за Илинден…, вели Јаулески.

Целиот Наткаст со Јован Јаулески, погледнете го во видеото во продолжение: