Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, го пофали напаѓачот Мохамед Салах пред натпреварот од третото коло во Премиер лигата против Манчестер јунајтед.

– Очигледно е дека тој е најдобар и навистина се обидува да додаде нешто во својата игра. Тој е најдобриот, најдобриот, најдобриот напаѓач со своите голови и асистенции. Одличен е, изјави Клоп, за „Скај спортс“.

Триесетгодишниот Египќанец е во Ливерпул од летото 2017 година. Неговиот договор со тимот е до 2025 година.

Ливерпул вечер од 21 часот ќе му гостува на Манчестер јунајтед во дербито на третото коло во Англиското фудбалско првенство.