Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, смета дека неговиот тим треба да добие бодови доколку натпреварот од 3. коло на шампионатот на Англија против Манчестер јунајтед биде одложен поради протести на навивачите.

– Моите планови ако натпреварот не се одржи? Одам дома со автобус. Навистина се надевам дека тоа нема да се случи, но ако се случи, мислам дека ќе добиеме бодови. Немаме никаква врска со ситуацијата, и ако навивачите сакаат натпреварот да не се одржи, не можеме да го вклопиме некаде во оваа неверојатно напорна сезона, изјави Клоп за Би-би-си.

Натпреварот Манчестер јунајтед – Ливерпул е закажан за утре (22 август) со почеток во 21 часот.