Јавното обвинителство побарало 30-дневен притвор за поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, како и за уште тројца раководни лица од Министерството за економија, објавуваат неколку медиуми повикувајчи се на извори во истрагата.
Меѓу оние за кои наводно е побарана мерката притвор од 30 денови се и поранешната државна секретарка Размена Цекиќ, како и раководителот Беким Хаџиу.
Тие се први четири лица за кои се отвора истрага и се бара притвор од 30 дена од поголемата група од над 20 осомничени.
Претходно ваква мерка беше побарана само за 7 полициски службеници осомничени за случајот.
Вечерва во судот се донесени и тројца екс градоначалници на Кочани.