Проблемот со РС Македонија за нашите европски партнери е бирократски, изјави Тошко Јорданов, заменик-претседател на бугарската партија Има таков народ.

– И нормално е да е така, а тие да имаат таков однос кон него. Сите бугарски владетели во изминатите години не се трудеа да објаснат што е проблемот и да бараат сојузници меѓу нашите европски партнери. Укинувањето на ветото беше грозоморна грешка, изјави Јорданов за Бугарското национално радио (БНР).

Тој додаде дека односот кон Бугарите и задржувањето на некаква пристојност од страна на политичарите во РСМ бил поприфатлив пред укинувањето на ветото, додека „сега тие се апсолутно надвор од контрола“:

-Нашите политичари се тие што треба да ја сносат целата вина, одговорност и последици за она што се случува, а не луѓето, вели Јорадов.