Да беше жив Георги Николов Делчев денеска, вчера немаше да го пуштат да влезе во Република Македонија, затоа што е Бугарин, е нова провокативна изјава од бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски.

Тој ова го изјави за македонскиот револуционер Гоце Делчев со алузии за настаните од граничниот премин Деве Баир во саботата, кога на тројца бугарски државјани, кои ги навредуваа полицајците и Македонија и поради тоа не им беше дозволен влез во нашата земја.