Бугарија беше една од првите земји што ја призна независноста на Република Косово и 15 години ја уживаме вашата доследна поддршка изјави косовската претседателка Вјоса Османи-Садриу која во Приштина ја пречека бугарската потпретседателката Илијана Јотова.

Таа е во дводневна посета во Косово каде на Османи-Садриу ѝ вети натамошна поддршка за пристапувањето на Приштина во меѓународните организации, како и за нејзиниот европски пат

Меѓу главните теми на средбата беше и признавањето на косовските граѓани со бугарска самосвест и идентитет како бугарска заедница со загарантирани права.

– Од посетата на претседателката Османи-Садриу на Бугарија на покана на шефот на државата Румен Радев на 30 ноември лани започнаа првите вистински чекори кон признавањето на бугарската заедница. Се надевам дека овој процес ќе продолжи во тесна координација меѓу две земји, нагласи Јотова.

Таа посочи дека Бугарија ќе работи и на отворање саботно-неделно училиште во области со компактно население со бугарска самосвест и идентитет.

Јотова денеска ќе ги посети регионите Гора и Жупа, каде ќе разговара со претставници на бугарската заедница.

Инаку во овие региони од Косово живеат Горани, Македонци со исламска веродиповед.