Од 9:00 часот утрово дел од корисниците на булеварот „Кочо Рацин“ во Скопје и населбата Капиштец ќе немаат вода поради санирање дефекти на цевки, соопшти ЈП „Водовод и канализација“.

Вода нема да имаат и корисниците од улиците „Андреа Зограф“, „Борис Сарафов“, „Црногорска“, „Беас Куле“, „Љубин“ и „Гостиварска“.

Водоснабдувањата ќе бидат прекинати до санирање на дефектите.