Трансферот на Емре Чан во Јувентус е сигурен и ќе биде објавен официјално по финалето во Лигата на шампиони.
Германскиот репрезентативец има договор со Ливерпул до 30 јуни и „бјанконерите“ ќе успеат да го привлечат како слободен агент.
Неколку месеци веќе се шпекулира за неговиот трансфер во Јуве, а според италијанските медиуми, тој веќе е сигурен. Чан ќе потпише петгодишен договор и ќе добие 5 милиони евра по сезона плус бонуси.
По финалето во ЛШ, Чан ќе отпатува за Торино, каде што ќе ги помине лекарските прегледи.