Италијанскиот шампион Јувентус го објави трансферот на талентираниот 16-годишен напаѓач на Барселона, Пабло Морено. Младиот човек им се придружи на Каталонците пред шест години од Гранада и за тој период има повеќе од 200 гола за младинските формации на „блаугранас“.

Морено редовно игра и за националниот тим на Шпанија до 16 години. Според непотврдени информации, износот на трансферот е импресивен за оваа возраст и изнесува 3 милиони евра. Со трансферот на Морено, Јувентус покажа дека гледа во иднината. Во текот на изминатата сезона, „старата дама“ ја освои седмата година по ред титула во Италија и стигна до четвртфиналето на Лигата на шампионите, во кое загуби од Реал Мадрид.