Надал: Тенисот е непредвидлив, за Ѓоковиќ пред два месеци се говореше дека е очаен

/ 27.07.2018

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал пред турнирите во Северна Америка изјави дека тенисот е непредвидлив спорт и дека само пред два месеци за Новак Ѓоковиќ се говорело дека игра очајно.

Актуелниот најдобар тенисер во светот вели дека сега се наоѓа во фаза од кариерата кога победите се најважни, меѓутоа натпреварите со квалитетен тенис се она што го прави среќен.

Во однос на Ѓоковиќ и Федерер како негови двајца најсериозни ривали, Надал потенцира дека е зачудувачки колку време се задржале на врвот сите тројца.

– Тоа е голема случајност која никогаш не се случила во историјата. Бевме на врвот толку години. Постојат само две опции тоа да се објасни, или ние тројцата сме биле толку посебни или останатите биле многу под нивото. Навистина не го знам вистинскиот одговор. Порано или подоцна ќе се појави некој подобар од нас, потенцира шпанскиот тенисер.

Надал во моментов се наоѓа на Мајорка каде се подготвува за американската турнеја. /МИА


Од истата категорија