Претседателот Стево Пендаровски на 22 ноември ќе престојува во официјална посета на Република Србија.

Во Белград, како што соопшти неговиот кабинет, претседателот Пендаровски ќе биде примен со највисоки државни и воени почести од претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

По тет-а-тет средбата на двајцата претседатели и пленарната средба, претседателот Пендаровски и претседателот Вучиќ ќе имаат заедничка прес-конференција.

За време на официјалната посета на Република Србија, предвидено е Пендаровски да оствари билатерални средби со претседателката на Народното собрание на Република Србија, Маја Гојковиќ и со премиерката Ана Брнабиќ.