Шефот на државата Стево Пендаровски на денешната средба со лидерот на Демократска унија за интеграција Али Ахмети укажал на потребата во периодот што претстои сите политички чинители да имаат одговорен пристап и да ги насочат своите капацитети кон исполнување на реформската агенда, а со цел отпочнување на пристапните преговори за членство со Европската Унија.

На средбата претседателот Пендаровски порачал дека државата е исправена пред историска шанса да се потврди како партнер и рамноправен дел од најзначајните сојузи во светот – Европската унија и НАТО. Тоа, според Пендаровски, е единствениот пат кој води кон стабилност и просперитет на државата и на регионот. Оттаму, како што посочил тој, потребно е сите политички фактори во Македонија да се насочат кон помирување и обединување околу стратешките цели на земјата.

На средбата Ахмети упатил честитки до Пендаровски по повод стапувањето на функцијата и му посакал успех во работата.

Претходно денеска Пендаровски имаше средба и со собранискиот спикер Талат Џафер.