Претседателот Стево Пендаровски, денеска во 14 часот ќе и се обрати на нацијата по повод разврската на Самитот на ЕУ во Брисел, каде не беше постигната одлука за почеток на преговори со Македонија и Албанија.

Од кабинетот на претседателот е потврдено дека Пендаровски ќе има јавно обраќање во кое тој ќе ги повика лидерите на средба и ќе повика на обединетост и сплотеност.

Пендаровски ќе се произнесе за случувањата на ЕУ Самитот и, како што дознава „Фокус“ ќе ги потврди евроаталанските аспирации на Македонија.