Германското кафе го предомисли Виктор Орбан па Унгарија, иако со молчење сепак даде зелено светло за старт на преговорите на Украина со Европската Унија, објави ТВ Сител.

Откако Орбан не се согласил да ја поддржи Украина, германскиот канцелар Олаф Шолц му рекол да излезе од салата и да се напие кафе а за тоа време, останатите европски лидери изгласаа преговори за Украина.

За Македонија, никој нејќеше да му вари кафе на бугарскиот премиер, па македонската делегација, како и години наназад, со неколку тапкања по рамо во Македонија се врати со празни раце.

Кога се сака се може, велат експертите.

Владата уште ланското лето му вети на Брисел дека ќе ги стави Бугарите во Уставот иако и тогаш знаеше дека тоа не може да го направи без да се договори со опозицијата. Но, договор немаше а Македонија доби преговарачка рамка за која сега, а можеби и уште долги години нема да може да обезбеди општествен консензус.

Прифаќањето на францускиот предлог е една од поголемите грешки кои ја памети светската дипломатија, вели поранешниот амбасадор, Ивица Боцевски.

Но премиерот останува на свое. И тој и неговата партија денеска велат, за последното фијаско во Брисел виновна е опозицијата.

Опозицијата препознава други пораки во новото НЕ на Европската Унија

И мнозинството граѓани се генерално против францускиот предлог. Последните анкети спроведени од повеќе агенции покажуваа дека огромно мнозинство граѓани се противи на внесувањето на Бугарите во Уставот и тоа во ситуација кога нема некој значителен раст на евроскептицизмот.

Извор: ТВ Сител